Nokia 701 - Вметнување мемориска картичка

background image

Вметнување мемориска картичка
Користете само компатибилни microSD картички одобрени од Nokia за користење

со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат картичката и уредот

или податоците зачувани на картичката.

Важно: Не отстранувајте ја мемориската картичка кога некоја апликација ја

користи. На тој начин можете да ги оштетите картичката и уредот, и да ги

оштетите податоците што се зачувани на картичката.

Чувајте ги сите мемориски картички подалеку од дофат на мали деца.

1 Исклучете го телефонот.
2 Извлечете го резето за отворање на задниот поклопец кон дното на

телефонот и отстранете го поклопецот.

3 Ако батеријата е вметната, подигнете ја батеријата на надвор.

12

За почеток

background image

4 Вметнете компатибилна мемориска картичка во отворот. Осигурете се дека

областите за контакт на картичката се свртени надолу.

5 Притиснете ја картичката се додека не се заглави на своето место.
6 Вратете ги назад батеријата и задниот поклопец. Осигурете се дека

поклопецот е правилно затворен.

Можете да снимате видео записи со висока резолуција. Ако снимате видео запис

во мемориска картичка, за најдобра изведба користете брзи, високо квалитетни

microSD картички од познати производители. Препорачаната класа на microSD

картичка е 4 (32Mbit/s (4MB/s)) или повисока.

Отстранување мемориска картичка

1 Исклучете го телефонот.
2 Отстранете го задниот поклопец од телефонот.
3 Ако батеријата е вметната, подигнете ја батеријата на надвор.
4 Притиснете ја картичката навнатре, додека не се отклучи и извлечете ја

надвор.