Вметнување на SIM картичката и батеријата
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
10
За почеток
Внимателно следете ги упатствата, за да избегнете оштетување на задниот
поклопец.
1 Извлечете го резето за отворање на задниот поклопец кон дното на
телефонот и отстранете го поклопецот.
2 Ако батеријата е вметната, подигнете ја батеријата на надвор.
3 Вметнете SIM картичка. Осигурете се дека областите за контакт на картичката
се свртени нагоре.
Притиснете ја картичката се додека не се заклучи на своето место.
4 Подредете ги контактите на батеријата и одделот на батеријата и вметнете ја
батеријата.
За почеток
11
5 За да го замените задниот поклопец, насочете го горниот дел за заклучување
кон неговото место и притиснете се додека поклопецот не се заклучи на
своето место.