Nokia 701 - Заштита на Вашиот уред од штетни содржини

background image

Заштита на Вашиот уред од штетни содржини
Вашиот уред може да биде изложен на вируси и други штетни содржини. Преземете ги следните мерки на

претпазливост:

Бидете внимателни при отварање на пораките. Тие може да содржат штетен софтвер или на друг начин да бидат

штетни за Вашиот уред или компјутер.

Бидете внимателни кога прифаќате барања за поврзување, пребарувате интернет или преземате содржини. Не

прифаќајте Bluetooth поврзување од извори на кои не им верувате.

Инсталирајте и користете само услуги и софтвер од извори на кои им верувате и кои нудат адекватна сигурност

и заштита.

Инсталирајте антивирусен и друг безбедносен софтвер на Вашиот уред и кој било поврзан компјутер. Користете

само една антивирусна апликација во исто време. Едновремено користење на повеќе антивирусни програми

може да влијае врз резултатите и работењето на уредот и/или компјутерот.

Доколку пристапувате до претходно инсталирани зачувани линкови и линкови до интернет страници на трети

страни, преземете соодветни мерки на претпазливост. Nokia не ги поддржува ниту пак презема која и да е

одговорност за таквите страници.