Nokia 701 - Снимање на видео запис

background image

Снимање на видео запис
Покрај фотографирање со Вашиот телефон, можете да ги снимате Вашите

посебни моменти и како видео записи.

За да ја отворите камерата, притиснете и задржете го копчето за камерата.

1 За да се префрлите од режим на фотографија во режим на видео, ако е

потребно, одберете ја иконата

.

2 За да започнете со снимањето, притиснете го копчето за камерата.
3 За да го паузирате снимањето, одберете ја . Ако го паузирате снимањето

и не притиснете било кое копче во текот на пет минути, снимањето е

прекинато.
За да зумирате или одзумирате, користете ги копчињата за јачина на звук.

4 За да го прекинете снимањето, притиснете го копчето за камерата. Видеото

е автоматски зачувано во Gallery.

Совет: Можете исто така да го испратите видео записот во мултимедијална

порака. За да ја ограничите големината на видеото за испраќање, пред

снимањето, одберете ја иконата

> >

Video quality

, а потоа одберете

големина што е доволно малечка, како Sharing quality.