
Синхронизација на фотографиите и видео записите помеѓу телефонот и
компјутерот
Дали направивте фотографии или снимивте видео записи со телефонот коишто
би сакале да ги гледате на компјутерот? Користејќи USB кабел за податоци,
можете лесно да ги синхронизирате фотографиите и видео записите помеѓу
Вашиот телефон и компјутер.
1 Поврзете го телефонот со компатибилен компјутер со компатибилен USB
кабел.
Ако синхронизирате помеѓу мемориската картичка во Вашиот телефон и
компјутер, осигурете се дека мемориската картичка е во телефонот.
2 Отворете ја апликацијата Nokia Suite на Вашиот компјутер, а потоа следете ги
упатствата што се прикажани во Nokia Suite.