Nokia 701 - Активности на екран на допир

background image

Активности на екран на допир
За да го користите Вашиот телефон, допрете или допрете и задржете го екранот

на допир.

Важно: Избегнувајте гребење на екранот на допир. Никогаш не користете

вистинско пенкало, молив или друг остар објект за да пишувате на екранот на

допир.

Отворање апликација или објект
Допрете ја апликацијата или објектот.

Допир и задржување за повеќе опции
Поставете го прстот на објект, додека не се отвори мени.

Пример: На пример, за да испратите слика или да избришете аларм, допрете и

задржете ја сликата или алармот, а потоа одберете ја саканата опција.

Влечење на објект
Допрете и задржете го објектот и движете го Вашиот прст низ екранот.

22

Основна употреба

background image

Пример: Можете да ги влечете објектите во почетниот екран или да ги

организирате во главното мени.

Повлечи
Поставете го прстот на екранот, а потоа лизгајте го во саканата насока.

Пример: За да се префрлате на некој друг почетен екран, движете лево или десно.

За брзо лизгање низ долга листа или мени, лизгајте со прстот бргу нагоре или

надолу по екранот, потоа набрзина подигнете го Вашиот прст. За да прекинете

со лизгањето, допрете го екранот.

Зумирање и одзумирање
Поставете два прста на некој објект, како мапа, фотографија или web страница и

со лизгање разделете или приближете ги прстите.

Основна употреба 23

background image

Совет: Можете исто така да го допрете објектот два пати.