За почетниот екран
Во почетниот екран, можете да:
•
видите известувања или индикатори за пропуштени повици и примени
пораки,
•
ги отворите омилените апликации,
•
ги контролирате апликациите, како на пример музичкиот плеер,
•
додавате кратенки за различни карактеристики, како што е пишување порака,
•
ги прегледате Вашите омилени контакти и брзо да ги повикате или да им
испратите пораки.
36
Персонализација
Можете да имате повеќе почетни екрани – обидете се да ги одделите деловниот
и приватниот живот во посебни почетни екрани.
Почетниот екран е интерактивен. За брзо да го проверите календарот, одберете
го датумот. За да поставите аларм, одберете го часовникот.