Отстранување апликација од телефонот
Можете да отстраните инсталирани апликации што повеќе не сакате да ги имате
или користите за да ја зголемите количината на достапна меморија.
114 Управување со телефонот
Одберете >
Settings
и
Installations
.
1 Одберете
Already installed
.
2 Одберете и задржете ја апликацијата што сакате да ја отстраните, а потоа
одберете
Remove
.
Ако отстраните некоја апликација, можете да ја инсталирате повторно ако ја
имате изворната датотека за инсталација или целосната копија од отстранетата
апликација. Може нема да можете да ги отворите датотеките создадени со некоја
отстранета апликација.
Ако некоја инсталирана апликација зависи од апликација што е отстранета,
инсталираната апликација може да престане да работи. За детали, погледнете ја
корисничката документација на инсталираната апликација.
Датотеките за инсталација може да користат голема количина на меморија и може
да Ве спречат да зачувувате други датотеки. Користете Nokia Suite за да
направите резервни копии на датотеките за инсталација на компатибилен
компјутер, потоа користете го управувањето со датотеки за да ги отстраните
датотеките од меморијата на телефонот.